Во Чешка експлодира муниција. Еден војник загина, осум се повредени


Денеска еден војник загина, осум војници се ранети, а еден цивил е повреден во експлозија на муниција на воениот полигон на чешката армија, соопшти армијата. Експлозијата на „неодредена муниција“, како што објавија воени извори на платформата X, се случила на полигонот Либава во источна Чешка за време на вежба спроведена од експерти за отстранување експлозив, се вели во военото соопштение.

Местото за обука го користи чешката армија за обука на украинските војници, соопшти чешката армија и локалната болница.

„Повредените не се странски државјани“

Двајца војници со умерени повреди се префрлени со хеликоптер во Универзитетската болница во Оломоуц, на околу 200 километри источно од Прага, изјави за AFP портпаролот на болницата Адам Фричер, а другите шестмина повредени со возило на брза помош се пренесени во воената болница во Оломоуц.

Портпаролката на воената полиција Катерина Млинкова изјави за АФП дека повредените „не се странски“ државјани.