Во болница има пациенти вакцинирани со сите вакцини


Фото: Б. Грданоски

Во болниците има пациенти заболени од Ковид-19, а претходно вакцинирани со сите вакцини, појасни на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

– Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти. Имаме и со Фајзер, и со Спутник, и со кинеската, имаме и пациенти од странство кои се вакцинирале во странство со Модерна, значи во тој дел нема некоја разлика, изјави министерот Филипче. 

Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза. Објаснува дека е потребно е време за да се развие имунитет.

„Фајзер“ ќе препорача трета доза од вакцината

Компанијата „Фајзер“ ќе препорача трета доза вакцина по изминување на шест месеци од втората, рече Филипче. Како што додаде тој, информациите се добиени по извршени анализи и студии директно од вработени во американскиот фармацевтски гигант.

„Имавме состанок и нѝ укажаа дека голема е веројатноста дека тие ќе препорачаат трета, односно „бустер“ доза за сите граѓани, после шест месеци од примената ревакцина. Меѓутоа официјалните препораки сѐ уште ги очекуваме, а нашиот Комитет за вакцинација ги чека токму официјалните за да го препорачаме тоа и ние“, рече Филипче.
 

Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, кое што, сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и дека не се прави разлика, која е првата вакцина е компанијата „Фајзер“.

– Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини, изјави Филипче.