Во Битола завршува интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“


Со Шопенова вечер која ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола настапија уметници од Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија и Србија, кои заедно со македонските уметници изведоа концерти и музички рецитали.

Годинешниот „Интерфест“ почна со изведба на едно од најмоќните дела на 20-от век, „Катули Кармина“ од Карл Орф, а во рамки на фестивалот беше одбележана и 100 годишнината од раѓањето на битолчанецот Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“.

Во рамки на фестивалот се одржа традиционалната манифестација Подиум на млади, а беше отворена и изложба со дела од творештвото на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.