Во Битола откриени шест диви таксисти


Во Битола вчера полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при вршење на недозволена трговија, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување од Народна банка на Република Северна Македонија и спротивно на одредбите од член 55 од Законот за девизно работење.

Од МВР денеска соопштија дека  кај нив биле пронајдени 247.000 денари, 12.430 евра, околу 15.000 австралиски долари, 3.302 американски долари, 4.415 канадски долари и други валути. 

– Исто така, на 08.08.2023, криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации во Битола изврши контрола на повеќе патнички моторни возила кои вршат превоз на патници и притоа биле затекнати шест патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување лиценца за вршење на јавен превоз. По документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението од МВР.