Во Берово утрово три степени, во Демир Капија 12

Во Берово утрово се измерени 3 степени Целзиусови, најтопло е во Демир Капија со 12 степени, информираа од УХМР.
Во Лазарополе се измерени 5 степени, 6 во Крива Паланка, Крушево и Попова Шапка, 7 Струмица, Маврови Анови, 8 Кавадарци и Гевгелија, 9 Охрид, Претор, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Велес, Штип и 11 степени во Скопје-Петровец.
Во изминатите 24 часа до 08 часот утрово на Попова Шапка има три литри на метар квадратен дожд, 1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Крушево и Тополчани.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.