Во Белград уапсени 17 лица, планиран напад на највисоките државни функционери во Србија
Во утринската полициска акција во Белград, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и во соработка со Европол, уапсени се 17 лица, членови на организираната криминална група т.н. Врачарци, осомничени за повеќе кривични дела тешко убиство, соопшти Обвинителството.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, оваа група била финансирана од организираната криминална група „Кавачки клан“ и била наменета за извршување најтешки кривични дела во Србија, меѓу другото, и за напади на највисоките државни функционери, наведоа од Обвинителството.
„Врачарци“ ги предводи Н. В. и У. П., а во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Безбедоносно информативната агенција (БИА), СБПОК, УКП – ПУ за град Белград, САЈ, Жандармеријата на МВП, денеска во раните утрински часови се уапсени 17 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело здружување заради извршување кривични дела од чл. 346 на Кривичниот законик на РС и повеќе кривични дела тешко убиство од чл. 114. КЗ РС.
Во тек е претрес на над 50 локации, меѓу кои и на неколку патнички моторни возила.
Во акцијата одземени се повеќе огнени оружја, поголема сума пари, неколку луксузни патнички возила и телефони.
– Оваа организирана криминална група извршила кривични дела на територијата на Белград како посебен дел од таканаречената организирана криминална група „Кавачки клан“ на чело со Р. З. и С. К. Групата „Врачарци“ делувала по наредба на „Кавачкиот клан“ во Србија и во странство, соопшти Обвинителството.
Во претходниот период неколку членови на оваа организирана криминална група беа уапсени во странство.
На сите лица лишени од слобoда одредена им е мерка полициско задржување и заедно со кривична пријава ќе бидат спроведени до Обвинителството за орган