Во април 49,6 отсто од потрошената струја била од домашни извори

Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 687.240 мегават часови електрична енергија, 11,903 милиони нормални кубни метри природен гас, 431.145 тони јаглен и 89.922 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 49,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 95,2 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.