Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе
Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично.
Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави – Џорџија, Невада и Северна Каролина.
Предвременото гласање стана широко распространета практика за време на изборите во 2020 година, кога повеќе од 100 милиони гласачи избегнаа преполни избирачки места среде пандемијата Ковид-19, а повеќето држави ги задржаа тие опции.
Предвременото гласање се користи во многу поголема мера од поддржувачите на демократите, бидејќи Доналд Трамп ја доведе во прашање безбедноста и интегритетот на процесот без докази.
Републиканците сега се обидуваат да ги убедат своите поддржувачи да ја искористат таа опција.