ВМРО-ДПМНЕ возврати: Децата на Заев имаат најнизок рејтинг од основање на партијата
ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата од СДСМ дека конгресот што го одржаа вчера беше „конгрес на децата на Орбан“.
„Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и недостоинствен начин на живот.
Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што ја разградија државата.
Предавничкото СДС досега го достигна својот максимум во две нешта: прототипски и празни реакции кои никого не убедуваат и историски најнизок рејтинг од основањето на партијата. Денес СДС вреди едвај околу 100 илјади гласови, мерка за политичка пропаст и јавна недоверба без преседан.
Во однос на нивниот денешен простотилак, нема што да се одговори. Кога човек ќе види колку длабока е политичката и моралната деградација во која тоне ова раководство, останува само едно да се каже: Бог да чува од полошо“, порачаа д ВМРО-ДПМНЕ.