ВМРО-ДПМНЕ ветува силни реформи и просперитет, СДСМ гледа само „кочничари“ на нивната листа
Промените во Македонија се неопходни. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ, Македонија тоне во сиромаштија, криминал, корупција и безнадежност, твдат од ВМРО-ДПМНЕ по конвенцијата вчера на која ги преставија кандидатите на своите пратенички листи и Платформата 1198.
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните избори го нуди концептот „Македонија повторно твоја“, концепт кој се базира на реформи, проекти и многу работа, концепт кој ќе донесе правда, ред и функционалност на системот. Секој од граѓаните може и мора да биде дел од промените кои насушно се потребни на Македонија. Промените се во рацете на секој поединец. Тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее и каква иднина сака за себе и за своите поколенија.
Сега е последниот час кога секој човек треба да одбере дали ќе дозволи Македонија да пропаѓа во бездната со ДУИ и СДС, или ќе почнат силни и просперитетни промени и реформи на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Изборот е јасен, исто како што е јасна и разликата на понудите, порачаа од оваа партија.
Од СДСМ сметаат дека нивните пратенички листи се листи за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација.