ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири лажни вести за надзорниот одбор на МЕПСО


Фото: Б. Грданоски

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на опозициската СДСМ велејчи дека таа шири лажни вести за членовите на надзорниот одбор на МЕПСО.

„Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации.

Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиески, Анастасија Илиеска се назначени за надзор во МЕПСО.

Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски.

Прес-конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицата Иван Иванов и Анастасија Илиеска се избрани во управниот одбор, а не во надзорниот одбор на МЕПСО.