ВМРО-ДПМНЕ против руската интервенција во Украина


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни. 

-ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со денешните ескалации и инвазијата на Руската Федерација кон Украина.

Уште еднаш го повторуваме ставот дека, за ВМРО-ДПМНЕ, почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни.

ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес, порачаа од партијата.