ВМРО-ДПМНЕ прашува кој се патувал со Бисера Костадиновска во Виена на државна сметка


“Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан?“, праша денес Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за преасметка со опозицијата, во продолжението од серијалот ообвинувања на сметка на екс министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. 

„Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета. Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари?“, прашува пратеникот.

„Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава?Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан?“, додава Лефков.