ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев го води СДСМ со „40 потрчковци“
Правејќи алузија на Али Баба и 40-те разбојници, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска го осуди вчерашниот конгрес на СДСМ велејќи дека партијата ја водел Зоран Заев, „преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци“.
Тој рече дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче бил „опериран од срам и доблест“ бидејќи за заменик-претседател ја назначил Фани Каранфилова-Пановска, поранешен претседател на Фондацијата „Отворено општество“.
„Фани Каранфилова-Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос имала месечни бруто примања од 3.400 евра. Толку треба да знаеме за социјадемократијата на Каранфилова-Пановска.
КаранфиловаПановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година.
Каранфилова-Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче“, рече Лефков.