ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници


Фото: Б. Грданоски

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави нова листа на кандидати за градоначалници кои ќе се тркаат на локалните избори во октомври, додека преостанатите ќе бидат познати во наредните денови.

Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата

Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник

Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја

Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен

Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник

Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината

Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник

Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот

Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик

Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител

Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант

Валандово – Тони Узунов, стопанственик

Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината

Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран

Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки

Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош

Демир Капија – Андон Донев, наставник

Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер

Прилеп – Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство

Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител

Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси

Новаци – Стевче Стевановски, агроном

Вевчани – Спасе Кочовски, социолог

Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт

Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг

Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, совеник во општината