ВМРО-ДПМНЕ не разбира зошто СДСМ не поставил прашање за Груби на собраниската седница


Фото: Б. Грданоски

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека опозициската СДСМ го „релативизирала и штитела криминалот на Артан Груби“. И дека партијата на чело со Венко Филипче го брани Груби.

И додаваат дека во СДСМ биле толку исплашени што на собраниска седница за пратенички прашања не поставија прашање и не му спомнаа името.

„СДС се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДС.

Потпретседателката на СДС Јована Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, каде се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.