ВМРО-ДПМНЕ не изгласа ни менување на возниот ред на ЈСП


Фото: Б. Грданоски

До сега не дозволуваа купување нови автобуси, на ни еден предложен начин. Последно, не беше прифатен ни проектот поднесен од Град Скопје за кердитот од Унгарија, за купување автобуси за ЈСП „Скопје“, а сега советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа ни за одлуката со која требаше да се редуцираат некои автобуски линии, за сметка на почести автобуси на критичните линии.

Според советниците на ВМРО-ДПМНЕ, некои населени места ќе останат без автобуси, односно ќе се проретчат и онака ретките линии.

– Јас ви тврдам дека со истиот број автобуси, не со автобуси пред некој година до минута беа точни и си доаѓаа. Граѓаните имаат преплатено за ЈСп. Само оваа година 13 милиони евра, дополнително од Министерство за образование, дополнително од картите што ги плаќаат… Ако не може ЈСП со толку пари да обезбеди редовни автобуси, нека се укине потполно, да не плаќаат граѓаните два пати – рече советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ.

За Ирена Витина пак, нелогично е истите тие да се спротивставуваат на сите мерки кои се предлагаат за функционирање на претпријатието, кога пред три години ветувале на граѓание 250 нови автобуси, бесплатен јавен превоз и други поволности.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, појасни дека новиот возен ред е направен според новата демографска слика, која се сменила од пред три години, а со цел автобусите да не воат неефикасни полукругови, односно едниот да е полн и да заглави во метежот во центарот на градот, а другиот да оди празен.

Дел од советниците забележаа дека новиот возен ред е направен без да се консултираат месните заедници на граѓани, кои се најдобар извор на информации за потребите на граѓаните за превоз.

Љубица Јанчева од СДСМ, рече дека очекува информативните табли да функцинираат реално, односно автобусот да се појави по онолку минути колку што пишува на таблата. Потсети дека ветувањето од програмата „За модерно Скопје“ дека нема да има заборавени граѓани од подалечните населби, како и тоа дека бесплатен јавен транспорт што никако не се оствари. Според неа, не се остварени ни ветувањата за бесплатен интернет во автобусите и други поволности кои се наоѓаа во програмата, но потсети дека на есен има избори, па повторно ќе се бара довербата од граѓаните.

Еве ги промените кои беа предложени: