ВМРО-ДПМНЕ не го дава Гаши, прекршок ќе бил ако не одел со службено возило


Фото: Б. Грданоски

Два дена по скандалот со претседателот на парламентот Африм Гаши се јави и ВМРО-ДПМНЕ тврдејкќи обратно – дека прекршок ќе било ако тој не одел со лужбено возило и  обезбедување (на државен трошок) да ја зеде невестата од Косово.

„Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција. Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?

Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши. Времето на самоволие заврши со смена на власта, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ практично праќајќи порака дека тука нема такво нешто,туку работење според правила и закон.