ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина за смена на Гаши, тие што бараат покажуваат „девијантно однесување“
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спике. Според нив, одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега превзеле итни и неодлoжни мерки.
„Сега има кривични пријави додека во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десеттици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во владата на ДУИ и СДС.Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнесе јасна порака дека никој не е над законот. ВМРО-ДПМНЕ осудува и ќе осудува секогаш било какви дејствија надвор од законот кои го нарушуваат редот, допрва ќе се уверуваат сите дека законите ќе важат подеднакво за сите“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.