ВМРО-ДПМНЕ: МВР го прикрива случајот со пукањето во Чаир


ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека МВР и Оливер министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прикриваат случајот со пукањето во Чаир, во кој според нив бил вмешан заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани.

-Наместо гарантирање на безбедноста во главниот град, но и во државата, МВР на чело со Спасовски е извор на криминалот и пресметките со огнено оружје.Јавноста вчера на социјалните мрежи можеше да ја види снимката од инцидентот од пред неколку дена кои се случи среде Скопје.

На видеото јасно се гледа инволвираноста на вториот човек во БЈБ, Ариф Асани. Заменик директорот на БЈБ инсистира и врши притисок врз полициските службеници да биде ослободено лицето кое пукало кон нив, криминалец баран за одлежување на затворска казна.

Ова лице со месеци било штитено токму од функционерите на СДСМ и ДУИ, како и од заменик директорот на БЈБ по пукањето во Чаир. 
Од видеото може да се забележи дека на местото на настанот има над педесетина претежно млади луѓе кои можеле да настрадаат од дивеењето на пајташите на ДУИ и СДСМ.

Арифи наместо да асистира при приведување на сторителот, тој користејќи ја својата положба  и врши притисок на полициските службеници да го ослободат, а потоа и да ги сменат своите записници во полициска станица“. стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.