ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба, соопшти Мицкоски
Без јасни гаранции за европска иднина на Македонија во ЕУ каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, , уставни измени нема да има, посочи Мицкоски
ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба која ја закажа премиерот Ковачевски, соопшти денеска лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.
Тој ова го изјави на партискиот саем кој што се одржува денес и утре во Скопје, а на кој што отчет за сработеното во изминатата една година даваат градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„ВМРО ДПМНЕ е одговорнна и државотворна партија и да, објавувам дека ќе присуствувам на таква средба, затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот.
Ќе дојдам на лидерската средба и ќе кажам јасно и гласно, а не преку соопштенија и штури брифинзи преку какви Владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина, се реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез се предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Тој се осврна и на уставните измени.
„Нагласувам, без јасни гаранции за европска иднина на Македонија во Европската унија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има“, посочи Мицкоски.