ВМРО-ДПМНЕ ќе се трка за Скопје со Даниела Арсовска
Aктуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат високи партиски извори, Арсовска ќе настапи како граѓански кандидат, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, од партијата се посочуваат и кандидатурите за овие пет општини:
- Орце Георгиевски – Кисела Вода
- Дарко Костовски – Бутел
- Александар Стојковски – Ѓорче Петров.
- Бобан Стефковски – Гази Баба
Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва испратија и демант во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори.
Од таму велат дека „ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година“.