ВМРО-ДПМНЕ ќе бара злоупотреби во изминатите седум години


Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во идниот период ќе има сведочења за она што се случувало во изминатите седум години и злоупотреба на народни пари, не само за случајот со екс министерката за култура, туку и со други луѓе.

„Не само за случајот со Бисера, од есен ќе сведочиме за она што се случувало во изминатите седум години. Ќе има многу луѓе, кои сега во прашална форма поставуваат дилеми, ќе видиме кога обвинителството и истражните органи ќе треба да се занимаваат со она што се случувало во изминатите седум години што било незаконски“, рече Мицкоски.