ВМРО-ДПМНЕ ја поврза „Бела чао“ со Русија
Песаната на италијанските партизани и неофицијалната химна на сиот слободарски свет – „Бела чао“, ВМРО-ДПМНЕ денеска на чуден начин ја поврза со Русија вадејќи го заборавениот случај на Украинецот Александар Онишченко токму пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за да го искритикува СДСМ.
Втор ден по ред владајачката партија критикува зошто на Онишченко му бил даден македонски пасош за да настапува во јавање коњи на олимпијада. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „СДС на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа“. И дека „само еден телефонски повик од Владимир Путин“.
ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува партијата која ја внесе Македонија во НАТО дека играла „руска игра“. „И кога слушаме ‘Бела чао’ или ‘Катјуша’ од ‘Бихаќка’ знаеме дека некој им дошол на гости“, рече на прес-конференција пратеникот Миле Лефков.