ВМРО-ДПМНЕ избира кандидат за претседател со јавен повик
ВМРО-ДПМНЕ врз основа на членовите 38, 40, 41 и 42 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет од 05.12.2023 година распишува јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од
ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.
Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Заинтересираните кандидати за учество на Конвенцијата треба да ги исполнуваат уставно предвидените обврски и услови содржани во членот 80 за кандидирање за кандидат за претседател на државата и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние поединци, кои сметаат дека се потенцијален кандидат треба да добијат поддршка од најмалку 30 делегати кои се претходно изгласани од Централниот Комитет на партијата и објавени на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите треба да поднесат програма и план за работа кои ќе бидат разгледани од страна на работните тела на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ…