ВМРО-ДПМНЕ ги нарече пишувањата на британските медиуми за мигрантите „фантазии на СДСМ“


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: Б. Грданоски)

 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги нарече пишувањата на британските весници дека Лондон и Скопје водат преговори за прифаќање на мигрантите на македонска терторија како „фантазии на СДСМ“. Тоа беше став на партијата на реакцијата на СДСМ за овие преговори, а не на информациите од британските медиуми. Веста прв ја објави „Тајмс“.

Според владејачката апртија „криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот. Кога немаат аргументи, кога фактите им се против нив, СДС бега во фантазии и хорор-сценарија. Но колку и да шират страв, вистината останува: Македонија денес е безбедна, стабилна и водена од одговорна влада, а не од луѓе кои политиката ја разбираат како фабрика за лаги и криминално богатење“.

Понатаму во соопштението се додава: „Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од ‘фабриката’ на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола.

Македонија не била попонижена од времето кога Заев и неговите соработници шетаа по светот со политики на капитулација и корупциски скандали. Денес, тие истите предавачи делат лекции за ‘суверенитет’.

Ова што го прават е опасно: свесно лажење со цел да се креира страв. А кога политичка партија гради стратегија врз невистини, тоа значи дека нема што друго да понуди“.