ВМРО-ДПМНЕ: Фотографијата на Силјановска со Ковачев е пред пет години


ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори на објавената фотографија на која кандидатката за претседател на оваа партија Готрдана Силјанобска Давкова е заедно со Андреј Ковачев, човек од „црната листа“ на Македонија.

-СДС се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани.

Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДС Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со љубави.

Очекуваме СДС да се извини поради ширењето на вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија. А најдобар доказ дека ова е стара фотографија е фотографијата на Андреј Ковачев од 2024 година, која што ви ја испраќаме во прилог. Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Место извинување од СДСМ стигна ново обвинување:

-Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато.Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска.

Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро.Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата.Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев. Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ.Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. порача Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.