ВМРО-ДПМНЕ: Европскиот фронт на Груби става крај на европската идеја


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ се препозна во настапот на вицепремиерот за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, кој  рече денес дека на изборите ќе се решава дали сме за Европа или за Русија и дека руски елементи и експоненти сакаат да го нарушат прогресивното заедништво во земјата. Според нив, токму Европскиот фронт за кој зборува Груби е причина да се уништи вистинската европска идеја во државата. 

-Како Груби помогна на ширење на европската идеја? Европски ли беа парите со кои неговиот брат под супер поволни услови стана газда на деловен објект на улица „Македонија“?Европски ли беа шамарите на бандите на ДУИ во контролата на летање? Европски ли беше потегот со кој внукот на Ахмети кога не пука петарди, станува газда на деловната зграда „Соравија“?

Кој од ДУИ е поголем Европеец, дали е тоа Рамиз Мерко што е на црна листа САД или  Исмет Гури, кој го пуштија да избега од затвор? Патем како е со огнометот на Дрин?