ВМРО-ДПМНЕ до Арсовска: Поддршката на јавноста ти е на ниво на статистичка грешка!


Фото: Б. Грданоски
„Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство,додека СДС и гласа буџет во Советот, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.

 

„Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа. Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, ДУИ и Левица.Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара виновни нека се зафати со работа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.