ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за пожарот во СЕП и Министерството за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за животна средина. Самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време по неработен ден отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не би требало да се дознаат.
-Ова не е прв случај каде што се уништија документи на државни институции. Во минатото бевме сведоци на поплава во СЈО, како и пожар во Министерството за правда. Расчистување на овие случаи до сега македонската јавност не виде.Независно од тоа дали овој сомнеж ќе се потврди или не, факт е дека несовесно е постапувано со архивата на една државна институција, не успевајќи да се сочува тој материјал, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.