Влошена состојбата во германската авто-индустрија


Состојбата во автомобилската индустрија во Германија се влоши, како кај германските производители на автомобили, така и кај нивните добавувачи, па во декември проценката на нивната моментална состојба падна на минус 5,4 поени, додека во ноември беше плус 5 поени, покажува најновото истражување на германскиот економски институт ИФО, пренесе Танјуг.
Компаниите очекуваат дека состојбата ќе се подобри во следните шест месеци, покажува показателот за очекувањата кој се зголеми од минус 1,6 поени во ноември на плус 10,1 поени во декември, објави ИФО.
„Производителите на автомобили и нивните добавувачи ги чувствуваат ефектите од повторното заклучување, но сметаат на подоцнежен побрз раст, односно на ефект на конвергенција“, вели Клаус Волрабе, шеф на истражувачкиот тим на институтот што го спроведе истражувањето.