Влатко Стефановски и Лоба со настап во чест на Илинден во Крушево
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ почнува вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево.
Официјално, манифестацијата почнува на 1 август. Ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески на гробиштата на Гумење, пред споменикот на Партизанските гробишта, како и во средината на криптата на илинденските востаници.
На отворањето ќе настапат гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.
На 2 август, на Илинден, во 12 часот, е централното чевствување на Мечкин Камен каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев.
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август продолжува со низа настани: манифестација посветена на унгарската култура на 3 август, на 4 август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5 август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење. На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска“…Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба.