Влатко Ѓорчев, Павле Трајанов, Солза Грчева… сите станаа национални координатори
За наставниците нема зголемување на платата, но има нови функционери, велат од СДСМ
Администрацијата треба да се намалува, но бројот на функционерите да се зголемува.
Прво владата доби дури 24 министри, а сега за да се задоволат апетитет на коалициските партнери се именуваат национални координатори за различни сфери. Меѓу тие именувања е и враќањето на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во ходиниците на моќта на партијата. Со одлука на владата тој е именуван за национален координатoр за демографија, млади и човечки ресурси.
Друг член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, Лилјана Затуроска, е именува за национален координатор за локална самоуправа.
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој ја смени страната една година пред изборите ќе биде национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот
Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Солза Грчева, а сега лидерка на патриотската патрија Глас за Македонија и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има задача како национален координатор да ги надгледува реформите во високото образование
Блерант Рамадани од крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците ќе биде национален координатор за примена на нови технологии.
На ваквите именувања реагираа од СДСМ велејќи дека на Влатко Ѓорчев и на другите им измислиле функциија, а за наставниците нема зголемување на платата, ниту зголемување на минималната плата за работниците.
„За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно.
Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ.
Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.
Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше ‘финансиска оправданост’ на потребата за зголемување на платите“, велат иод опозицијата.