Власта веќе должи 300 милиони денари за поврат на ДДВ, се чека и до три месеци, вели Битиќи


Пратеникот од редовите на СДСМ и пранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи, денес на прес конференција изјави дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија.

„Повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци. Вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните 7 години“, вели Битиќи.

Дополнително, како што посочи, советот што би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци.

„Ова покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година“, рече Битиќи.