Владата вели: семејството на Мицкоски не патувало со владиниот авион. СДСМ прашува: Тогаш, кој патувал со него
Прес службата на Владата ги нарече „лажна вест“ тврдењата на опзѐоцисиката СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска во август 2025. „Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за четири патувања во соседството“.
Од Владата велат дека било лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, „кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува“.
На ова соопштение реплицираше Андреј Жерновски, член Извршниот одбор на СДСМ: „Ако е така, СДСМ, односно граѓаните, го бараат одговорот кој односно кои се патници во владиниот авион заедно со премиерот Мицкоски“.