Владата поништи три кадровски поместувања на Тошковски
Владата го разледа известувањето од МВР дека еднострано, со потпис од министерот за внатрешни работи,Панче Тошковски, се донесени три наредби за кадровски поместувања/разрешувања, без рамноправно одобрување и потпишување и од дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, како што предвидуваат правните акти. Согласно тоа, Владата донесе одлуки за поништување на едностраните наредби донесени од министерот за внатрешни работи.
Во делот за кадровски прашања, Владата одлучи да го разреши Бојан Лазаревски од должноста в.д. директор на Агенцијата за филм и за директор на Агенцијата за филм да го именува, Владимир Ангелов. Исто така, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор – која носи назив генерален директор, а за член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го избере Идри Истрефи. На седницата разрешен е и Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.