Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови од времето на Груевски


СДСМ објави дека свиркачи од Министерството за здравство ги информирале дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ.

„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа – со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето!Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето.

Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните.На пример, во 2016-та беше откриен скандал. дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив беа откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак. Затоа СДСМ го забрани, порачуваат од СДСМ.

СДСМ најавува дека же ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари.