Владата ќе ја одржи 82. седница


Фото: Б. Грданоски

 

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на дневен ред на денешната 82. владина седница е ставена Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за соработка помеѓу DAI Global,LLC. и Владата на Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, за разгледување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предложени и Информацијата за реализација на прва фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС Злетовица за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, како и Информацијата за воведување нови финансиски инструменти во земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија.

Пред министрите, покрај другото ќе се најде и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, подготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

За донесените заклучоци и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение.