„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт


Фото: Б. Грданоски

Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт.

– Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска. Летовите почнат од 3 мај следната година за Барселона и ќе има летови секој вторник и сабота, на 1-ви мај почнуваат летовите за Лион секој вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата.

Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.