Вирусот се шири низ Африка: Само уште една држава нема пријавено случај

Коморските Острови го пријавија првиот случај на крона вирус, со што стана 53 од 54 африкански држави каде се појави ковид -19.
На африканскиот континент бројот на заразени надмина 37.400, со 1.598 починати.
Од сите африкански земји само малото кралство Лесото на југот од континентот за сега нема пријавени случаи од ковид-19, пренесе АП.
Бројот на заразени во Гана надмина 2.000, што е за 24 отсто повеќе од пред неколку дена, соопштија здравствените власти.
Во таа земја потврдени се 403 нови случаи, со што вкупниот број сега е 2.074.
Врвот на епидемијата беше прогласен пред 10 дена, кога претседателот Нана Акуфо-Адо ги ублажи мерките на затоврање во главниот град Акра.
Најголем број заразени на африканскиот континент има Јужноафриканската република со 5.350 случаи.