Вирусот е тука, не „одлетал“ (галерија)

Скопје денес пуст, втор ден од тридневниот карантин, кога пола Македонија се релаксира во излетничките места, а пола ја празнуваат Задушница, а утре Духовден.

Едните ќе поминат 80 часа самоизолирани во своите домови, а за другите полицискиот час почнува секој ден во 16 часот, па времето можат да го потрошат во прошетки по плажи, седење во кафулиња.

Така е во Македонија. И кога ни се случува вториот бран по олабавување на мерките, едните почитуваат и се заштитуваат, а другите не мислат на своето и на здравјето на заедницата и мислат дека вирусот „одлетал“ како гулабите од фото-галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски од речиси цело Скопје –од населбите, Чаршијата… до Градските гробишта во Бутел.
Фото: Борис Грданоски








