Вим Вендерс ќе го предводи жирито на 76.Берлинале во февруари
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави денес директорката на фестивалот Триша Татл.
„Берлинскиот меѓународен филмски фестивал е воодушевен што германскиот режисер, автор и фотограф Вим Вендерс ќе го преземе водството на меѓународното жири за 76-то Берлинале“, изјави Триша Татл.
„Вендерс е една од највлијателните личности во меѓународното кино“, додаде таа. Шест децении, Вим Вендерс го збогатува филмскиот свет со дела кои воодушевуваат со својата човечност и чувство за чудесно.
Член на Новото германско кино
Вендерс, роден во Диселдорф во 1945 година, е член на таканареченото Ново германско кино, заедно со Вернер Херцог, Рајнер Вернер Фасбиндер и Фолкер Шлендорф. Најпознатите дела на Вендерс се филмовите „Париз, Тексас“, „Небото над Берлин“ и „Буена Виста Сошл Клуб“.