Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда


Фото: Б. Грданоски

 Викендов и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда.

-Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, најави УХМР.