(Видео) Сицилија ја погодија поплави, невреме и пијавици, загина едно лице

Пијавицата која денеска се формира на југот на Сицилија уби еден човек и нанесе штета на имотите. На тоа подрачје, поради силните дождови дојде до поплави, па властите ги затворија училиштата.
Канцеларијата на цивилната заштита соопшти дека маж на возраст од педесетина години, кој излегувал од дома во близина на градот Рагуза, бил зафатен од пијавицата, при што загинал.
Глобално затоплување
На снимките од невремето се гледа како ветрот превртува возила и разнесува прозорци од куќите, пишува Ројтерс.
Сицилија во август беше зафатена од високи температури, а највисоката измерена беше 48,8 степени Целзиусови, а властите наведуваат дека температурата на морето есенва била необично висока, што поттикнало формирање силни бури.