(ВИДЕО) Знакот „Z” осамнал на домови на опозиционери во Русија
Симболот „Z“ на руските воени возила почнува да добива застрашувачка примена, според западните медиуми. Според „Економист“ опозиционери во Русија нашле ваков знак на вратите во своите домови , а руски полицајци оставиле исти траги и во „Мемориал“, организација за човекови права, кога направиле претрес во неа.
Новинар на „Билт“ пак објави видео од шопинг центар во Русија, од една манифестација на поддршка на руските сили во Украина организирана од локален универзитет на која студентите, облечени во бели маици со знакот „Z“ салутираат и извикуваат „За Русија“. На што ве потсетува? – е коментарот на новинарот на „Билт“.
Украинските медиуми пак објавија возила на Украинци на кои руските сили им напишале ваков знак, како што се толкува, за да станат по грешка мета на украинските војници.
Russia tonight.
Does this remind you of anything?#fascism pic.twitter.com/jmxuRI5iIT— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 9, 2022