(Видео) Вооружен маж држи две жени како заложнички во Париз


Маж вооружен со нож држи во заложништво две жени во една продавница во Париз, пренесе АФП, повкувајќи се на извори од полицијата.

На местото на настанот има многу полиција која се обидува да ги ослободи жените. Цел круг околу местото е затворен за пристап, а градските власти ги повикаа парижани да не доаѓаат во овој дел од градот.

Според првичните информации, киднаперот е познат по ментални проблеми, а се работи за поранешен туниски судија кој се вика Абдераман Б.Ј. (56).

Меѓу другото, тој побарал да разговара со францускиот министер за правда Ерик Дипон Морети, кој на специјалците им ставил до знаење дека им е нарасполагање.

Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар рече дека заминува на местото, повикувајќи ги граѓаните да стојат понастранта од таа област и да ги следат упатствата на полицијата.