(Видео) Верижен судар на 17 возила во САД – загинаа најмалку десетмина


 

Девет деца и тако на едно од децата загинаа во тешка сообраќајка која овој викенд се случи на автопат во Алабама, САД.

Како што јави Си-ен-ен, меѓу загинатите е 29-годишен татко и неговата деветмесечна жерка.

Другите жртви се деца на возраст од 3 до 17 години, кои биле во возило на институција за занемарени и злоставувани деца и патувале на ранч, јави локалната полиција.

Несреќата се случила на 150 километри од кампот каде патувале децата.

Возилото било управувано од директорката на установата каде биле згрижени децата, а таа управувала и со ранчот.

Неа успеале жива да ја извлечат од возилото.

„Вчера беше исклучително потресен ден за Алабама. Во трагичен настан изгубени се десет животи“, рече државната секретарка задолжена за комуникации со медиумите.

Националниот одбор за безбедност при сообраќај на местото на сообраќајката прати десет истражители за заедно со локалната полиција да утврдат што се случило.

Несреќата се случила во саботата наутро по локално време, додека низ Алабама беснеела тропска бура следена со силни дождови.

Во несреќата учествувале најмалку 17 возила.