(Видео) Уред произведува струја од влажноста на воздухот


Група истражувачи од Националниот универзитет на Сингапур создале уред кој произведува електрична енергија од влажноста на воздухот, пишува Факултети.мк.

Новиот уред содржи само морска сол, јаглеродно мастило и специјален гел што апсорбира вода. Уредот произведува електрична енергија кога јоните во морската сол се одвојуваат при апсорпцијата на водата, предизвикувајќи промени во површината и создавајќи електрично поле. Овие промени на површината овозможуваат чување на електрична енергија од страна на уредот.

Се очекува новата технологија да помогне во надминувањето на проблемите кои често се поврзуваат со ваквите машини, како заситеност со вода што доведува до проблеми во функционалноста.

За да ги одбегне ваквите проблеми, новиот уред има два различни дела кои постојано имаат различно ниво на вода за да овозможат непрекината работа од стотици часа. Во експериментите уредот работел 30 дена.