(Видео) Тројца повредени кога патник започнал да пука на аеродромот во Атланта


Патник кој чекал да го помине контролниот пункт на главната безбедносна точка на аеродромот во Атланта од чантата посегнал по огненото оружје, а потоа пукал.

Ова предизвика хаос меѓу патниците и привремен прекин на летовите, пренесуваат американските медиуми

Мажот, кој подоцна беше идентификуван како осуден криминалец Кени Велс (42), побегнал со пиштол од контролен пункт, а потоа и од аеродромот, соопшти Управата за безбедност на воздушниот сообраќај, пренесуваат агенциите.

Полицијата подоцна соопшти дека издала налог за апсење на сторителите на инцидентот, а командантот на аеродромската полиција, мајор Реџиналд Мурман, рече дека Велс се бара под обвинение за носење и криење оружје на комерцијален аеродром, поседување огнено оружје од страна на осуден за криминал, употреба на огнено оружје и несовесно однесување.

Властите соопштија дека три лица се здобиле со полесни повреди, вклучително и едно лице кое паднало во фоајето на аеродромот далеку од контролниот пункт, а две се пожалиле на напад на паника.