(ВИДЕО) Страшна снимка од несреќа во Словенија: Камион паднал од надвозник, возачот загина
Тешка сообраќајна несреќа во која загина 53-годишен унгарски возач се случи утринава на љубљанската обиколница пред тунелот Головец.
Несреќата ја предизвикал возач на патнички автомобил кога загубил контрола и се судрил со приколката при претекнувањето на камионот. Камионот, заедно со возачот, падна преку заштитната ограда во провалија длабока околу 20 метри.
Според првичните информации, кои ги пренесува порталот „Klip.si“, словенечкиот возач на патничкиот автомобил Опел Корса со судрил со камионот поради неприлагодена брзина.
Возачот на камионот во несреќата го загуби животот, а возачот на патничкиот автомобил не е повреден.
Поголема материјална штета е направена на двете возила, но за среќа немаше опасни материи во цистерната од камионот. Оштетено е уште едно возило и делови од патната инфраструктура.
Страшната снимка од несреќата го објави претпријатието за патишта на Словенија ДАРС како предупредување за возачите дека невниманието и неприлагодената брзина може да има фантални последици.